Нова епидемија? Во Канада потврдени случаи на мајмунска сипаница

LinkSense.mk

Канадската служба за јавно здравје вчера ги потврди првите два случаи на зараза со мајмунска сипаница, откако властите во покраината Квебек соопштија дека истражуваат 17 сомнителни случаи.

Неколку земји, вклучително и Португалија и Шпанија, пријавија случаи на мајмунски сипаници во последниве недели, а еден случај од Америка забележан во средата се однесувал на маж кој неодамна патувал во канадската провинција Квебек.

Прв сомнителен случај на мајмунска сипаница бил пријавен и во Австралија, што предизвикал здравствен аларм, соопштија локалните власти. Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс информираа дека откриле „веројатен“ случај на мајмунска сипаница кај маж на 40-годишна возраст, кој неодамна во Сиднеј се вратил од Европа.

Велика Британија, која првпат сигнализирала случај на оваа болест на 6 мај на лице кое било во Нигерија, во средата објави дека има идентификувано вкупно девет случаи. Вчера, првиот случај беше дијагностициран во Италија во болница во Рим, а дека се заразени „осомничени се уште две лица. Прв случај вчера бил пријавен и во Шведска, кај едно лице во Стокхолм. Во Мадрид се пријавени осум заразени, а во Португалија, според весникот Публико, заразени се дваесетина лица.

Изминатата вечер покраината Квебек беше информирана дека два примерока испратени од Национална микробиолошка лабораторија се позитивни на мајмунски сипаници. Ова се првите два случаи потврдени во Канада“, се вели во соопштението на канадската служба за јавно здравје, додавајќи дека Канада никогаш претходно не видела таков случај.

Мајмунските сипаници, кои главно се шират во Западна и Централна Африка, е ретка вирусна инфекција слична на човечката сипаница, од која тие се поблаги. Првпат тие беа забележани во Демократска Република Конго во 70-тите. Бројот на случаи во Западна Африка се зголеми во изминатата деценија.

Симптомите вклучуваат треска, главоболка и чешање што започнува на лицето, а потоа се шири на остатокот од телото.

Здравствените власти во Монтреал, најголемиот град во Квебек, во четвртокот им рекоа на новинарите дека постои врска помеѓу случајот во Америка и неколку други сомнителни случаи во нивниот регион.

Канадската служба за јавно здравје соопшти дека американскиот државјанин, кој неодамна отпатувал од САД во Канада со приватен превоз, „можеби бил заразен пред или за време“ на неговата посета на Монтреал.