Нова инвестиција на германски „Кил” во Македонија

LinkSense.mk

„Кил Македонија“ ќе гради нов производствен капацитет во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово.

Компанијата веќе шест години успешно работи во Македонија и во моментот над 130 наши лица произведуваат иновативни транзитни патнички седишта за комерцијални возила и јавен превоз.

Фирмата сега има потреба за дополнително проширување на погоните, инвестиција вредна 9,2 милиони евра, а тоа значи нови 150 работни места. Се очекува вкупниот извоз да надмине 160 милиони евра во следните 10 години.

Иницијалната цел на оваа фабрика е да обезбеди седишта за фабриката „Ван Хол“ во Скопје.

Почетокот на производството од новата фабрика се планира во следната 2023 година.

Групацијата „Кил“ од Германија работи повеќе од 75 години во неколку земји во светот и е лидер во производството на седишта за возови и автобуси.