Нова мобилна апликација Challenger – ги наградува корисниците кои пешачат и трчаат

– Новата македонска мобилна апликација Challenger, што беше лансирана вчера, има за цел да ги наградува корисниците кои пешачат трчаат и планинарат, а исто така ја подига свеста за аерозагадувањето и за неговото намалување.

Секој поминат зелен километар носи поени, а потоа тие можат да се заменат за попуст во локални продавници. Со исполнување на дадени предизвици се добиваат и награди.

– Идеата е да се натпреваруваме, меѓусебно да се мотивираме и да ги намалуваме CO2 емисиите во воздухот, а најважно е дека при овој процес создаваме нови локални супер еко херои. Challenger им помага на луѓето преку визуализација на намалени CO2 eмисии, да согледаат како секоја мала активност го подобрува општеството. Со оваа апликација создаваме група на луѓе и бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни, велат од тимот на Challenger.

Апликацијата Challenger, креирана од млади луѓе, во пресрет на зимата ќе помогне на секој нејзин корисник да се придружи кон борбата за почист воздух.

Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите Андроид и Иос  корисници.