Нова сензација на Мундијалот: Јапонија ги „сруши“ Германците

LinkSense.mk

Каков почеток на Светското првенство во Катар. Сите мислеа дека на изненадувањата им дојде крајот, но така не мислеа репрезентативците на Јапонија кои, во првото коло од групата Е, ја победија Германија со 2:1, и тоа после пресврт.

Вчера Аргентина на ист начин загуби од Саудиска Арабија, Данска не успеа да го совлада Тунис, а сега разочараа и Германците.

Ништо не наговестуваше дека публиката на стадионот „Калифа Интернационал“ во Доха ќе биде сведок на уште едно фудбалско чудо, бидејќи Германците одиграа добро во првите 45 минути кога и дојдоа во водство. Стрелец на голот беше Илкај Гундоган во 33. минута од пенал, а впечаток е дека избраниците на Ханси Флик можеа да водат и поубедливо.

Откако играчите се вратија од соблекувалната се продолжи во ист ритам. „Белите“ се заканија на почетокот од вториот дел, но како што одминуваше времето Јапонија стануваше се поопасна.

Можеби клучниот момент на натпреварот се случи во 57. минута кога тренерот на „самураите“, Хаџиме Моријасу, во игра го внесе поранешниот играч на Партизан, Такума Асан, кој доесе многу живост.

Со брзината му се закани на противникот, успеа да се избори за два удари од аголот. Во воздухот се гледаше дека азиската селекција е подготвена да израмни.

Тоа се случи во 75. минута кога Доан натрча на топката која ја одби Нојер и ја испрати во празна мрежа.

И, тогаш, Асано прерасна во херој. Фудбалерот на Бохум во 83 минута го помина Шлотербек и ја заби топката во мрежата на фаворизираните Германци.

По тој гол Германците тргнаа на се или ништо, но Јапонија одолеа на нападите и успеа да оствари голем триумф.

Интересно е што ова беше само трет пат Германија да го загуби првиот меч на Светското првенство.

Во вториот натпревар од оваа група играа Шпанија и Костарика.

 

Германија – Јапонија 1:2 (1:0)

Стадион: „Калифа Интернеснол“.

Гледачи: 42.608.

Судија: Иван Бартон Сиснерис (Салвадор).

Стрелци: Гундоган 33. (Германија) – Доан 75, Асано 83. (Јапонија).

Германија: Нојер – Суле, Ридигер, Шлотербек, Раум – Кимих, Гундоган (од 67. Горецки) – Милер (од 67. Хофман), Мусијала (од 79. Гете), Гнабри (од 67. 90. Мукоко) – Хаверц (од 79. Фулкруг).

Јапонија: Гонда – Сакаи (од 75. Минамино), Јошида, Итакура, Нагатомо (од 57. Митома) – Ендо, Танака (од 71. Доан) – Ито, Камада, Кубо (од 46. Томијасу) – Маеда (од 57. Асано).

 

 

 

 

 

(Фото: АП)