НОВА ТЕХНОЛОГИЈА: Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ го финансира развојот на вакцини без користење на инјекции

LinkSense.mk

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ инвестираше 23,6 милиони долари во американската биотехнолошка компанија „Микрон Биомедијал“, за развој на масовна примена на вакцини без употреба на инјекции.

Новата технологија се темели на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички.

Светските здравствени експерти веќе долго време ја туркаат оваа технологија заради нејзиниот потенцијал да ја зголеми вакцинацијата против смртоносни болести.

Поедноставни се за транспорт и примена отколку традиционалните вакцини, особено во посиромашните земји, каде што и понатаму е предизвик вакцинирањето на децата. Меѓутоа, пречка е зголемувањето на производството.

На вакцинирањето без боцкање на возрасни и новороденчиња во Гамбија оваа година, што претставуваше тест за новата технологијата на „Миктон“, вакцината против сипаници и рубеола се покажа како безбедна и ефикасна како и традиционалната вакцина и произведе сличен имунолошки одговор. Вакцината ја произведе Индискиот серумски институт.

„Технологијата може да помогне да се отстранат клучните препреки за искоренувањето на сипаниците и рубеолата на глобално ниво“, рече Џејмс Гудсон, постар научник во Одделот за имунизација во американскиот Центар за контрола и превенција од болести, партнерска институција на „Микрон“.

„Ја елиминира потребата од ладен мост при транспортот, а за нејзината примена не е потребен здравствен работник. Може да им помогне и на оние кои имаат страв од игли“, информираа вчера од компанијата.

Финансирањето ќе овозможи развој на производство на десет милиони фластери годишно за поголеми клинички тестирања и за поширока употреба.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Фондација „Бил и Мелида Гејтс“)