Новиот „Брабус“ развива 100 км/ч за само три секунди

Брендот „Брабус“ е познат по прилагодувањето на возилата на Мерцедес, а новиот проект е, според многумина, очекувано импресивен.

Основа за „Брабус 800“ е новиот „АМГ E-63 С“ којшто доаѓа со тригодишна гаранција или минати 160.000 километри. Го придвижува модифициран четирилитарски „В-8“ двоен турбо-мотор, кој сега испорачува 800 коњски сили и 1.000 њутн-метри во вртежи.

„Брабус“ разви два сосем нови турбо-полначи со високи перформанси и ги надгради своите „плаг-енд-плеј“ „Пауер-екстра ЕЦУ“ модул и спортски издувен систем. Резултатот е забрзување од 0 до 100 километри на час за само три секунди. Максималната електронски ограничена брзина е 300 км/ч.

Одговорните тврдат дека ја претвориле спортската лимузина во „ѕвер“ за патеките, со голем број јаглеродни аеродинамички подобрувања, 21- инчни ковани тркала, спортски издувен систем со контрола на вентил, спојлер за предница, на страните, влез за воздух и дифузер…

Специјалната суспензија овозможува прилагодуввање на висината за 10 до 20 милиметри, во зависност од режимот на возење, со цел подобро маневрирање. Бандажите доаѓаат со гуми со високи перформанси. Внатре има алуминиумски плочки за менување степени на пренос, многу кожа, Алкантара и јаглерод и многу други нешта.