Тик Ток лансираше нов формат на текстуална објава додека видео платформата се соочува со конкурентските гиганти меѓу социјалните медиуми во трката за иновации.
Новиот формат ќе им овозможи на корисниците да креираат текстуална содржина за споделување приказни, идеи, песни, рецепти или друга пишана содржина, а ќе можат да додаваат бои, налепници, хаштагови и звуци.
„Со текстуалните објави ги прошируваме границите на создавање содржини за сите корисници, давајќи ѝ на пишаната креативност, што ја видовме во коментарите, натписите и видеата посебен простор за сјај“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на Тик Ток до јавноста.
Промената доаѓа затоа што конкуренцијата меѓу платформите на социјалните медиуми се интензивираше во последните недели по лансирањето на „Триадс“ (Threads), спин-оф на Инстаграм во сопственост на „Мета“.
Платформата е ривал на Твитер по тоа што се фокусира на текстуалните објави.
На корисниците им овозможува да објавуваат до 500 карактери текст и до пет минути видео и линкови, како и слики. Исто така, изгледа слично на Твитер и има карактеристики како лајкување или одговарање на објави или цитирање на постоечки теми.







