Нови пријави за поставени бомби во школи во Скопје

LinkSense.mk

И денеска, вторпат неделава, се испратени закани за поставени бомби во средни училишта во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека околу 14 часот преку електронска пошта било пријавено дека во четири скопски училишта има поставени бомби.

„По добиената пријава, полициски службеници преземаа мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се работи на расчистување на случајот“, истакнуваат од МВР.

На социјалните мрежи се рашири информацијата дека едно од четирите училишта е и гимназијата „Никола Карев“, каде што е извршена евакуација на сите ученици заедно со професорите и другиот технички персонал.

 

 

 

 

 

(Фото: „НоваТВ“)