Најмалку 13.000 припадници на спасувачки тимови, од кои многумина се доброволци, го напуштија Истанбул во последните 13 часа и се упатија во градовите кои се погодени од разорниот земјотрес.
Временските услови и размерите на катастрофата ја отежнуваат операцијата за спасување во загрозените подрачја, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, кој говореше на прес-конференцијата вчера вечерта.
За степенот на катастрофата сведочат видеата и фотографиите, а најновата предизвикува страв дека спасувачките екипи навреме нема да стигнат до луѓето затрупани под урнатините.
Шефот на турската канцеларија за Блискиот Исток, Рагип Сојлу, на Твитер објави фотографија од уништениот пат меѓу градовите Газиантеп и Адана.
Адана е петти по големина град во Турција со околу 1,7 милиони жители, додека Газиантеп има околу 2 милиони луѓе.
(Фото: Твитер)






