Нови 883 случаи на Ковид, починати 29 лица, оздравени 536

Нови 883 случаи на Ковид -19 од направени 2827 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа.

Починати се 29 лица, сите во болнички услови. Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство оздравени се 536 пациенти.

Од новозаболените, најголем број се од Скопје, 345, по што следуваат Прилеп со 54, Струмица со 44, Велес ос 39, Куманово со 37, Битола со 36, Охрид со 34, Тетово, Штип и Гевгелија со 32, Кавадарци со 29, Кочани со 25, Гостивар со 19, Неготино со 17, Кичево со 16 и Радовиш и Свети Николе со 12.

Во останатите градови бројот на новозаболени е едноцифрен.

Од починатите, 12 се од Скопје, (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два од Куманово (63 и 82г.), тројца од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), еден пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), двајца од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), еден пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени е 52949, на починати е 2254.

Бројот на активни случаи изнесува 21931 од кои најголем дел се од Скопје. (11713).

Во останатите градови бројот на активни случаи е следен – Куманово активни 613, Дебар 171, Штип 409, Прилеп 868, Тетово 986, Струга 413, Велес 652, Битола 815,
Охрид 623, Кавадарци 620, Гостивар 717, Гевгелија 319, Струмица 616, Крива Паланка 126, Радовиш 138, Крушево 69, Кочани 285, Пробиштип 62, Демир Хисар 45, Македонски Брод 34, Пехчево 22, Берово 95, Валандово 59, Виница 106, Делчево 285, Кратово 25, Свети Николе 171, Кичево 338, Ресен 582, 162, Неготино 374.

Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на Ковид -19.