Нов бран бегалци од Мосул

Ирачките сили го продолжија денес напредувањето кон западниот дел на Мосул, последното упориште на џихадистите од Исламска држава во Ирак, додека Обединетите нации забрзано ја завршуваат изградбата на засолништа за прифаќање на стотици илјади бегалци од овој град.

Ирачката војска го држи во обрач западниот дел од Мосул во којшто се наоѓаат околу 650.000 цивили.

Во текот на операцијата почната во неделата, во која учествуваат илјадници волници, со поддршка на моќна артилерија и воздушни сили, војската врати назад во владение најмалку пет села во тој дел од градот и напредува кон аеродромот.

Хелихоптери на ирачката војска биле видени денес наутро како истрелуваат ракети на Абу Саиф, село на брдо кое гледа на градскиот аеродром и претставува природна линија на одбрана.

Авијацијата на Ирак непосредно пред операцијата фрлила милиони летоци во западниот дел на Мосул со порака до жителите дека претстои копнена офанзива. На нив биле упатства за граѓаните да се подготват, со добредојде, да ги пречекаат ирачките сили, но и предупредување до припадниците на Исламска држава да го положат оружјето.

Западниот дел на Мосул е помал од источниот, но е погусто населен. А тука се и некои места кои пружаат исклучителна поддршка на екстремистите.

Градот, инаку, е поделен на два дела со реката Тигар.

Се очекува дека борбата за западниот дел ќе биде долга и тешка, поради густата населеност и тесните улици.

Исламска држава го завзеде Мосул, град на северот на Ирак, во јуни 2014 година, а сојузничките и ирачките сили на 17 октомври почнаа голема офанзива и после неколку недели тешки борби ја превзедоа контролата над источниот дел на градот.

Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на офанзивата на ирачките сили од источен Мосул се раселени 217.000 луѓе. Сега се очекува нов бран бегалци.

„Се тркаме со времето да подготвиме итни засолништа за прифаќање на раселени семејства јужно ос Мосул“, вели Лиса Гранде, хуманитарен координаторка на ОН во Ирак.

Според нејзините зборови, ОН се трудат да стасаат до шест милиони лица ширум Ирак на кои им е потребна помош.

„Ги немаме сите фондови што ни се потребни и многу партнери се соочуваат со големи ограничувања на капацитетите“, предупреди таа.

 

 

Ирачка нафта

Американскиот министер за одбрана Џим Матис, во ненајавената посета на Багдад, рече дека САД немаат намери да ја грабнат ирачката нафта.

Мислам дека сите ние во Америка генерално ги плаќавме гасот и нафтата цело време и сигурен сум дека тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина. Не сме во Ирак да одземеме чија било нафта“, Џим Матис, министер за одбрана на САД

Со тоа се дистанцираше од коментарите на претседателот Доналд Трамп дека Американците би требало да ја земат нафтата после симнувањето на Садам Хусеин, што направи ирачките лидери да побараат намалување на соработката со Вашингтон.