Нов пакет санкции за Русија

LinkSense.mk

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, доцна вчера, нешто пред полноќ, објави дека на состанокот на лидерите на ЕУ27 во Брисел е постигнат договор за забрана на извозот на руска нафта.

Ова веднаш се однесува на повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, со што се прекинува значителен извор на финансирање на руската воена машинерија“, напиша Мишел на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет истакна дека притисокот врз Русија ќе продолжи до крајот на војната во Украина.

Тој додава дека шестиот пакет санкции на ЕУ вклучува и укинување на брзите (SWIFT) трансакции со најголемата руска банка Сбербанк, забрана за емитување на програмите на уште три медиуми во државна сопственост и санкционирање на лица „одговорни за воените злосторства во Украина“.