Во полициска акција спроведена во источниот турски град Ерзурум, уапсени се пет ирански државјани, откако во нивните тела биле пронајдени 683 капсули со дрога, со вкупна тежина од 6,95 килограми.
Екипи на Одделот за борба против наркотици запреле возило на автопатот Ерзурум-Ерзинџан, а во автомобилот имало тројца ирански државјани, јави Анадолија.
При претресот пронајдени се лекови за „прочистување на цревата“ и лекови кои „даваат чувство на ситост“.
Полицајците ги привеле иранските државјани, кои потоа биле префрлени во болница.
Рендгенските снимки покажале дека осомничените во телото имале 62 капсули хероин и 210 капсули опиумски афион.
На снимките можело да се види дека капсулите со дрога се прошириле на речиси сите внатрешни органи на осомничените.
Лекарите и полицијата биле изненадени бидејќи, како што рекле, досега не виделе толкаво количество дрога во човечко тело.
Со методот на празнење на цревата дрогата била извадена од телото на осомничените.
Полицијата во Ерзурум приведе и уште двајца Иранци, кај кои во телата биле пронајдени 411 капсули со опиум.
При прегледот, осомничените рекле дека дрогата им била внесена во телото додека биле во бессознание и дека не знаат колкава количина дрога имаат во нив.
После криминалистичката обработка, на криумчарите на дрога им е определен притвор.
(Фото: АП)