Нов рекорд во Чешка: Регистрирани 27.717 нови случаи на коронавирус

LinkSense.mk

ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА денеска соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирала 27.717 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата во земја со 10,7 милиони жители, покажуваат податоците на чешкото Министерство за здравство.

Најновите податоци, исто така, укажуваат на тоа дека епидемијата зема замав, бидејќи во изминатите седум дена се откриени 131.731 нови случаи, во споредба со 73.200 пријавени случаи за цел октомври, проценува Ројтерс.

Најновиот дневен биланс е и трет рекорден број пријавен во изминатите седум дена.

Чешката влада вчера нареди баровите и клубовите да се затворат во 22 часот и ги забрани божиќните пазари, во обид да ја ограничи една од највисоките стапки на инфекција со Ковид во светот.

 

ФОТО: АП