Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НОВ ТРЕНД: Вештачката интелигенција го тресе новинарството
Компјутери

НОВ ТРЕНД: Вештачката интелигенција го тресе новинарството

март 22, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Минатата година, новинарите се забавуваа барајќи од вештачки интелигентниот „чатбот“ на „ЧатГПТ“ (ChatGPT) да ги напише нивните колумни, и повеќето од нив заклучија дека ботот не е доволно добар за да ја преземе нивната работа. Засега.

Но, бројни коментатори веруваат дека новинарството е на прагот на револуција во која совладувањето на алгоритмите и алатките за вештачка интелигенција за генерирање на содржина ќе биде клучно, пишува АФП.

Порталот со технолошки вести СиНЕТ (CNET) веројатно најави нов тренд кога минатата година тивко имплементираше АИ програма (програма за вештачка интелигенција) за пишување некои текстови.

Подоцна бил принуден да направи неколку исправки бидејќи друг медиум забележал дека ботот направил неколку грешки, од нив некои биле многу сериозни.

Матичната компанија на СиНЕТ подоцна објави кратења на работни места, вклучително и во редакцијата, но негираше дека за тоа е одговорна вештачката интелигенција.

Германскиот издавачки гигант „Аксел Спрингер“, сопственик на „Политико“ и на германскиот таблоид „Билд“, беше подиректен.

„Вештачката интелигенција има потенцијал да го направи независното новинарство подобро од кога и да е – или едноставно да го замени“, им рече на работниците минатиот месец Матијас Доепфнер, првиот човек на „Аксел Спрингер“.

Фалејќи ги ботови како „ЧатГПТ“, како „револуција“ за индустријата, тој најави реструктуирање што ќе доведе до „значителни намалувања“ во производството на содржини и во лекторирањето.

Двете компании ја туркаат вештачката интелигенција како алатка за поддршка на новинарите и укажуваат на неодамнешните случувања во индустријата.

Напреден процесор за текст

Во последните десет години, медиумските организации сè повеќе ја користат автоматизацијата за рутинските работи како што се барање обрасци во економските податоци или известувања за работа на деловни единици.

Порталите се опседнати со „оптимизација на пребарувачите“, што вклучува користење на клучни зборови во насловот кои ќе бидат омилени од алгоритмите на Гугл или Фејсбук.

Некои развија свои алгоритми за да видат кои приказни најдобро одговараат на нивната публика и овозможуваат подобро таргетирање и рекламирање.

Се прави со слични алатки кои ги претворија Фејсбук и Гугл во глобални гиганти.

Алекс Конок, автор на книгата „Медиумски менаџмент и вештачка интелигенција“, вели дека совладувањето на овие алатки за вештачка интелигенција ќе биде одлучувачки фактор за тоа дали одредени медиуми ќе пропаднат во наредните години.

Употребата на алатки за создавање содржини ќе доведе до губење на работни места, но не во областа на аналитиката или врвното известување, смета Конок.

„Во случај на механизиран крак на новинарството (спортско известување, финансиски резултати) мислам дека алатките за вештачка интелигенција ги заменуваат, и веројатно сè повеќе ќе ги заменат, луѓето“, рече тој.

Со таквото мислење не се сложуваат сите аналитичари.

Мајк Вулдриџ од Универзитетот во Оксфорд верува дека „ЧатГПТ“ е повеќе како „софистициран процесор“, така што новинарите не треба да бидат загрижени.

„Оваа технологија ќе ги замени новинарите на ист начин на којшто пресметковните табели ги заменија математичарите. Со други зборови, мислам дека нема“, рече тој на неодамнешниот настан организиран од Научниот медиумски центар.

Сепак, и тој сугерираше дека „бот“ може да ги замени новинарите во наједноставните задачи.

Тестирање на роботи

Француските новинари Жан Рогнета и Морис де Рамбуто истражуваат во која мера вештачката интелигенција е подготвена да ја преземе улогата на новинарите.

Тие објавуваат билтен наречен „Кант“ (Qant) напишан и илустриран со помош на алатки за вештачка интелигенција.

Минатиот месец, тие претставија извештај од 250 страници напишан од „вештачката интелигенција“ во кој детално се опишани главните трендови од технолошкиот саем ЦЕС (CES) во Лас Вегас.

Рогнета истакна дека сакаат „да тестираат роботи, да ги ‘тераат’ до крајни граници“. Брзо ја пронајдоа.

Вештачката интелигенција не можеше да ги идентификува главните трендови од ЦЕС и не можеше да напише значајно резиме.

Исто така на големо се потпирала на Википедија.

Авторите открија дека мораат постојано да интервенираат за да го одржат процесот на вистинскиот пат, поради што, иако програмите може да заштедат малку време, тие сè уште не се способни да ги заменат вистинските новинари.

„Новинарите се зафатени во синдромот на голема технолошка замена, но јас во тоа не верувам“, рече Рогнета.

„Самите роботи едноставно не се способни да прават написи. Сè уште постои дел од новинарството што не може да се делегира“, додаде тој.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

( АФП / Лионел Бонавентуре)

актуелно бот новинари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.