„Нордвинд“ отвора редовна авиолинија Скопје – Москва

Руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ отвори нова редовна директна авиолинија од Москва до Скопје.

Првиот лет на Нордвинд од московскиот меѓународен аеродром „Шереметјево“ до аеродромот во Скопје е закажан за петок, 21-ви мај 2021 година, во 14.45 часот. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.

Ова е прва воздушна врска помеѓу Македонија и Русија, по 20 години пауза.

„Нордвинд“ е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на Нордвинд е на московскиот аеродром „Шереметјево“.

Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, од авиокомпанијата сметаат дека летовите со „Нордвинд“ ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците и туристите.