Обединетите нации ќе расправаат за Белорусија

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи утре зад затворени врати состанок за Белорусија, заради обвинувањата дека во неделата принудно го приземјила авионот на „Рајан Ер“ за да го уапси опозицискиот новинар Роман Проташевич кој бил патник на тој лет, дознава „Еуро њуз“

Неколку дипломати изјавиле дека состанокот за состојбата во Белорусија, кој ќе биде одржан преку видео линк, го побарале Франција, Ирска и Естонија.

Франција е постојана членка на Советот за безбедност, заедно со САД, Велика Британија, Кина и Русија, додека, пак, Ирска и Естонија оваа година се непостојани членки.