Облачно со повремен дожд, на планините снег

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно.

Во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе има зголемување на облачноста, особено во северните и во западните делови од земјата каде што на пониските места ќе има повремени врнежи од дожд.

На планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.

Врнежите не се очекува да бидат многу интензивни, ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а во текот на денот ќе дува, долж Повардарието, засилен северен ветер.

Минималните температури се движеа од -5 во Битола, -3 во Прилеп, -2 во Маврово, Струмица и Претор, -1 во Скопје, Охрид и Лазарополе, 0 во Тетово, Штип, Виница и Берово, 1 степен се измерени во Крушево и Дебар, 2 во Крива Паланка и Демир Капија и 4 во Куманово, Дојран и Гевгелија.

Изутринава во северозападните делови е облачно и на планините започна да паѓа снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со услови за повремен слаб долж и со умерен до слаб ветер.

Максималната температура ќе достигне до 7 степени.