Нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам. Но и напад на сите оние кои ги штитат македонските националните интереси. Индициите за ова говорат дека одговорноста за ваквиот напад се структури блиски до власта – по принцип на шарената револуција“.
Ова меѓудругото доцна синоќа го изјави потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој истакна дека „Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27-ми април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета“.
„ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ. Во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ.
Впрочем на сето ова претходела и една средба во еден од скопските кафулиња каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие, при што биле стимулирани да предизвикаат насилство“ – рече Јанушев.







