Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » 2020-та донесе нов закон за основно и повисоки плати за наставниците
Македонија

2020-та донесе нов закон за основно и повисоки плати за наставниците

јануари 5, 2020Updated:јануари 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На повеќе од 32 илјади наставници, меѓу кои 20 илјади се во основното образование, почетокот на 2020 година им донесува за 10 проценти повисоки плати.

Покачувањето следува по 5-те отсто што наставниците ги добија во септември и исто толку ланскиот септември.

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) се избори за ново покачување, а по неколку преговарачки средби што траеја во октомври и ноември издејствува и тоа да почне од јануари, а не од април како што предлагаше Владата.

Спогодбата беше официјализирана на 27 декември.

Повисоки плати СОНК побара со предупредувачки штрајк на 2 септември, на првиот ден од учебната 2019/2020 година, оставајќи ѝ на Владата еден месец до активирање на донесената одлука за генерален штрајк ако платите не се зголемат соодветно со процентот на зголемувањето на минималната плата во државава.

МОН најпрво се повикуваше на претходните две покачувања, ресорниот министер Арбер Адеми изјавуваше дека тоа е историско и дека се грижат за материјалниот статус на наставниците.

Потоа Владата прифати ново покачување со понуда за 10 отсто од април, а по дополнителни преговори го прифати и барањето на СОНК тоа да важи од првиот месец во новата година.

Со третото покачување платите на вработените во образовната дејност од септември 2018 кумулативно се зголемуваат за 21,3 процент, а од Буџетот се одвоени дополнителни 1,4 милијарди денари за поместувањето на исплатата за три месеци порано, во јануари наместо во април.

Според министерот Адеми, буџет има за сите сектори во МОН и ова покачување нема да се одрази врз нивната функционалност.

По постигнувањето на договорот, лидерот на СОНК Јаким Неделков изјави дека со тоа не е затворено прашањето за статусот на наставниците, туку е почеток на нови конструктивни преговори за дополнителни прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот.

„Ние денеска завршуваме период на преговори, но тоа задоволство не треба еуфорично да го прифатиме, туку тоа задоволство треба да се манифестира во уште поголем притисок од нас како Синдикат за остварување на овие прашања“, истакна Неделков на 8 ноември, денот кога двете страни постигнаа договор.

И на третото учество во меѓународното ПИСА-тестирање спроведено минатата година нашите ученици покажаа слаби резултати.

Тестирањето е наменето за ученици на возраст од 15 години и опфаќа проверка во три категории – за читање со разбирање од вкупно 79 земји на листата на ОЕЦД македонските ученици се рангирани на 66 место, за математика на 67 место и за природни науки на 62 место.

Со тие резултати бевме зад сите земји во регионот (освен Косово).

Сепак, министерот Арбер Адеми на прес-конференција рече дека е задоволен зашто е постигнат напредок односно најголем скок споредено со минатото ПИСА-тестирање во 2015.

„Не можеме прекуноќ за три години да бидеме меѓу првите десет земји на ранг-листата, но најголемиот скок на подобрување е одличен показател дека сме на прав пат. Сега не сме на четвртото место од долу на табелата, туку повисоко. Тоа нѐ радува и ќе нѐ мотивира за следното ПИСА тестирање во 2021 на кое ќе му претходи пробно во 2020“, рече Адеми.

Вратите од училиштата на првиот училиштен ден беа затворени за првачињата што не ги примиле сите вакцини од вакциналниот картон, а одлуката се заостри поради епидемијата со морбили која беше прогласена во април, а официјално заврши во декември.

Според податоците што МОН ги добило од Државниот просветен инспекторат и ги соопшти во октомври, речиси 200 првачиња од целата држава не беа запишани во учебната 2019/2020 година затоа што не се вакцинирани.

Родители на невакцинирани деца и Здружението „Од нас за нас“ протестираа и во отворени писма апелираа да се преиспита одлуката која, според нив, е дискриминаторска.

Се повикуваа на Уставот како највисок акт според кој секое дете има право на образование и дека е тоа задолжително.

Во Инспекцискиот совет беа поднесени и претставки за различни постапувања од просветните инспектори за исти случаи во врска со наставата на невакцинирани деца.

Новата учебна година во септември почна со нов Закон за основното образование кој беше усвоен во Собранието во јули.

Според МОН како предлагач, законот се фокусира на подобрување на квалитетот на
наставата, им дава повеќе можности на учениците особено на тие што се со посебни образовни потреби.

Новини има и за организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), кариерен развој на
наставниците…

Согласно со препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ, бројот на часови, сепак, не е намален, бидејќи македонските ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји.

Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование.

Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

Учениците со најтежок вид попреченост ќе може дел од наставата да ја продолжат во посебните училишта со ресурсен центар по нивна или желба на нивните родители, согласно со препораките на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ) на Светската здравствена организација, а за тие деца ќе се подготви индивидуален образовен план за можностите.

Во собраниска постапка е и измена и дополнување на Законот за средно образование, се реформира средното стручно образование (двегодишно, тригодишно и четиригодишно), се проширува и концептот за дуално образование – практична работа во компании за време на школувањето.

Но, Законот за високо образование не профункционира во целост и во важни сегменти, иако е донесен во мај 2018 година.

Сè уште не е основан Националниот совет за високо образование и одборите за акредитација и евалуација кои со овој закон треба да станат одвоени тела што ќе го
следат квалитетот на високообразовната и научно-истражувачката дејност.

Учениците до 20 јануари се на зимски распуст. Во второто полугодие се очекуваат некои од учебниците што ги немаа во првиот дел од учебната 2019/2020 година.

Договорите со избраниот оператор се потпишани и би требало да бидат отпечатени и доставени до училиштата.

Од МОН нагласија дека по пет години имаат успешна набавка на нови учебници зашто од 2014 досега сите постапки од разни причини беа

 

 

ИЗВОР: МИА
Хатка Смаиловиќ

актуелно закон образование основно плати
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.