Ова се 19-те технолошки гиганти кои ќе мора да ги почитуваат строгите правила на ЕУ

LinkSense.mk

Групата од 19 најголеми технолошки гиганти ќе биде предмет на ригорозни обврски според Законот за дигитални услуги (DSA). Европската комисија одреди кои компании ќе бидат во таа група, пренесува Ројтерс. Избраните технолошки гиганти ќе мора да се усогласат со сите правила на DSA, а кој има поголема платформа ќе има построги правила. Тоа значи дека најголемата одговорност за нелегалната онлајн содржина ќе ја преземат најголемите технолошки компании.

Меѓу 19-те компании се: Google Maps на Alphabet, Google Play, Google Search, Google Shopping и YouTube, Facebook и Instagram на Meta, Marketplace на Amazon и App Store на Apple. Исто така, тука се LinkedIn и Bing, booking.com, Pinterest, Snapchat, TikTok, Twitter, Wikipedia, Zalando и Alibaba AliExpress.

„Веруваме дека овие 19 онлајн платформи и пребарувачи станаа системски релевантни и имаат посебни одговорности да го направат Интернетот побезбеден“, изјави за новинарите европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Компаниите ќе треба да направат повеќе за да се справат со дезинформациите, да им дадат поголема заштита и избор на корисниците и да обезбедат посилна заштита за децата или да ризикуваат казни до 6 отсто од нивниот глобален промет, пишува Ројтерс.

Бретон рече дека проверува дали четири до пет други компании потпаѓаат под DSA и дека одлуката се очекува во следните неколку недели.

Бретон го издвои системот за модерација на содржината на Фејсбук за критика поради неговата улога во обликувањето на мислењето за клучните прашања.

„Сега кога Фејсбук е означен како многу голема онлајн платформа, Мета мора внимателно да го истражи системот и да го поправи онаму каде што е потребно што е можно поскоро“, рече тој.

Пребарувачите и платформите ќе треба да воведат механизам кој им олеснува на корисниците да пријават нелегална содржина. Компаниите ќе мора да ги модерираат и бришат нелегалните содржини накратко.

Исто така, компаниите ќе мора да препознаат и да ги отстранат дезинформациите, говорот на омраза и одмаздничката порнографија од нивните платформи.

Платформите ќе треба да ги анализираат и ублажат содржините поврзани со родово насилство на Интернет. Исто така, истото важи и за штетните содржини што ги засегаат малолетниците онлајн и нивното ментално здравје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Индех хр