Одбележани девет години од смртта на Киро Глигоров

Делегација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Делегацијата која му оддаде почит на поранешниот претседател беше восостав: Миле Бошњаковски, генерален секретар и полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот.

„Киро Глигоров беше првиот претседател на независна РепубликаМакедонија. За изградбата на самостојна Македонија даде личен печат со спроведување на референдумот за независност, донесување на новиот Устав, битката за демократска преобразба и внатрешна консолидација на земјата и нејзина меѓународна афирмација“, наведуваат од Кабинетот на претседателот.