Одрон од карпа кај Долно Косоврасти, прекинат сообраќајот Дебар – Маврово

Серијата потреси во поширокиот дебарски регион во текот на денешниот ден ги разнишаа карпите.

Попладнево,дваесетина минути по последниот потрес, голем одрон од околу 200 кубни метри камен се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово, поради што сообраќајот е во прекин.

Според досегашните информации, во моментот на паѓањето на одронот немало возила ниту пешаци.

Локланата власт веќе обезбеди потребна механизација и заедно со екипи на дебарската секција на „Македонија пат“ треба да почне расчистувањето на одронот.

Поголем број граѓани кои се жители на селата од долнореканскот регион како и од Жупа кои прсотојувале во Дебар или работат во градот, поради одронот делот од овој пат го минуваа пеш.

Веќе се содзаде поголема колона на возила.