Од денеска Кипар без полицискиот час

Укинување на полицискиот час, дозволено одржување прослави, свадби, крштевки и сл, отворање на ноќните клубови, се олабавувањата на мерките што од денеска стапуваат во сила на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

За одржување на прослави и свадби, постојат ограничувања на бројот на гости во зависност од тоа дали е на отворено или затворено, а ноќните клубови ќе работат само со гости кои ќе седат на маса и за внатрешните простори задолжителен е „SafePass“, односно потврда за вакцинација, негативен резултат од тест или прележан Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, Кипар има регистрирано 72.996 случаи на Ковид-19, а починаа 367 лица.

Заклучно со вторникот, 56,5 проценти од граѓаните примиле една доза од вакцината, а 37,1 отсто од населението е целосно вакцинирано.