Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од денеска нови правила за патување на грчките острови
СВЕТ

Од денеска нови правила за патување на грчките острови

јули 5, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Речиси истите правила и предуслови што важат за влез на странски туристи во Грција, односно или поседување сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид или негативен тест, од денеска важат и за патувањата на грчките острови, без оглед дали е со брод или авион, јави дописничката на МИА од Атина.

За патување со сертификат за вакцинација, потребно е да се поминати 14 дена од ревакцинацијата, а признати се и европскиот дигитален сертификат и сертификатите од трети земји.

Оние кои прележале Ковид-19, може да патуваат со соодветна потврда, издадена 30 дена по првиот позитивен тест и со важност 180 дена од позитивниот тест.

Другите пак, кои не се вакцинирани, ниту пак прележале, потребно ќе биде да направат или ПЦР тест до 72 часа пред патувањето или рапид тест 48 часа претходно.

И во овој случај, Грција ги прифаќа и тестовите од други земји, доколку потврдата за негативен резултат од тестот е на грчки, англиски, француски, германски, шпански, италијански или руски јазик.

Децата до 12 годишна возраст (родени по 1 јули 2009 година), ќе патуваат слободно, а за оние од 12 до 18 години, потребен е било каков тест, вклучително и селф тестот, односно тестот за домашна употреба.

За враќање од островите, заменик- министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, во четвртокот рече дека постои препорака сите над 12 годишна возраст да прават селф тестови.

Досега, на островите, можеше да се патува и со направен тест за домашна употреба, откако граѓаните, резултатот го пријавуваа на специјален сајт.

Освен неопходните документи поврзани со Ковид-19, за патување со брод на грчките острови, задолжително е и пополнување на специјален формулар, достапен на https://sea.travel.gov.gr/#/.

актуелно грчки острови нови правила патување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.