Од отпад исчистен авто-полигонот под скопското Кале

LinkSense.mk

Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија генерално чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар.

Во рамките на акцијата беа ангажирани 20 работници на терен, а отстранети се приближно 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. соопшти ЈП Комунална хигиенаСкопје.