Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава
Во Фокусот

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава

март 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Онлајн-настава за студентите од понеделник треба да организираат сите факултети од државните и од приватните универзитети во земјава поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на коронавирусот.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денеска имаше средба со ректорот на УКИМ и претставник на сите државни универзитети, проф. д-р Никола Јанкуловски, и со проф. д-р Томе Неновски, претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи.

По состанокот на прес-конференција тие соопштија дека универзитетите се информатички и технички опремени и професорите се подготвени да придонесат за организирање настава на далечина за студентите.

Олеснителна околност, рече Адеми, е што, за разлика од основците од пониските одделенија, овде се работи за студенти кои се вешти во користењето на ИТ-уреди и едукативни алатки и апликации.

„Се согласивме во следните денови сите единици во состав на универзитетите да вложат максимални напори за да се воведе одредена форма на онлајн-настава во интерес на нашите студенти и да почне да се реализира од следната недела. Тој начин на настава не е неизводлив и, практично, дел од факултетите веќе го применуваат во регуларниот тек на студиската година“, рече министерот за образование и наука.

Ректорот Јанкуловски соопшти дека денеска објавиле дневен ред за вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ со подготвен правилник за функционирање на Универзитетот во вакви услови.

Рече дека УКИМ уште на 11 март, пред да се прогласи мерката, ја прекинал наставата и веднаш воспоставил далечинско учење за речиси сите програми на единиците на Универзитетот.

„Веќе се во функција неколку видови платформи за далечинско учење. Направен е и распоред за работа на администрацијата која доаѓа на смени, со цел да се намали или да се избегне воопшто контактот помеѓу странките и вработените во администрацијата. Мислам дека на состанокот денеска се најде решение за непречено функционирање на одржувањето, пред сè, на додипломската настава на универзитетите. Се дискутираа евентуалните проблеми што понатаму би произлгле во врска со испитите, но се надевам дека и за тоа ќе најдеме решение“, рече Јанкуловски.

Претседателот на Конференцијата на приватни високообразовни установи, проф. Неновски, истакна дека во услови во кои е важно да се заштити здравјето, неопходно е да се воспостави бесконтактен систем со едукативни алатки преку кои студентите ќе учат од дома и дигитално ќе комуницираат со професорите.

Рече дека и на Американ колеџ, каде што предава, исто така донеле одлука за прекин на наставата на 11 март, но дека едукацијата не е прекината.

„На универзитетот втора недела не се одржуваат активности, но во овој период не седевме со скрстени раце, туку презедовме мерки за да обезбедиме непречено одвивање на колоквијалната испитна недела која ќе се одржува од понеденик, а веќе од 30 март може да продолжи и наставата за вториот дел од семестарот, за што користиме исклучително квалитетни алатки“, рече Неновски.

Додаде дека ова е веројатно почеток на нова ера во организирањето и реализирањето на високообразовната настава во нашата земја.

актуелно онлајн-настава факултети
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.