Од сабота–две третини од Французите во карантин

Повеќе од две третини од Французите ќе мора да остануваат во своите домови навечер, почнувајќи од сабота, кога ќе биде воведен т.н. полициски час на голем
дел од територијата како дел од борбата против вториот бран на коронавирус, информираше денеска премиерот Жан Касекс.

Отсега натаму, 46 милиони Французи ќе треба да го почитуваат полицискиот час од 21 до 6 часот наутро.

Следните недели ќе бидат тешки и нашите болнички служби ќе бидат изложени на големи предизвици, предупреди премиерот, кој очекува тежок ноември и зголемување на бројот на починати од Ковид-19. Досега, полицискиот час се однесуваше на 20 милиони Французи, особено во големите градови, вклучувајќи го и Париз и неговата
околина.

Полицискиот час значи и дека кафулињата, рестораните и продавниците ќе затвораат во 21 часот.