Од септември започнува реконструкцијата на Универзалната сала

LinkSense.mk

Проектирањето на конгресната сала „Александар Македонски“ е во завршна фаза и ќе почне да се гради од септември.

Новиот мултимедијален центар  ќе се простира на дополнителни 4000 м2.

Капиталниот проект ќе го задржи основниот облик на универзалната сала а ќе добие дополнителни содржини за разни манифестации.

Со реконструкција се опфатени куполата, покривот, галериите, внатрешното уредување и поставување на целосно нова сценска технологија. Во делот на доградба ќе се градат повеќенаменски сали и простории за билатерални средби.

„Во објектот со оваа доградба се предвидени: целосно реконструирана постојната сала со 1400 седишта, изградба на поголем број нови повеќенаменски сали со капацитет од 200 и 120 седишта, 4 нови мултимедијални сали со капацитет од 30 до 40 седишта и 6 нови простории за билатерални средби. Ќе се изврши и  доизградба  на простории за администрацијата, како и паркинг простор на две нивоа што ќе биде на површина од околу 5.000 квадратни метри“, изјави Елизабета Канческа Милевска мининистерка за култура

Универзалната сала до сега ја посетиле повеќе од 7 милиони посетители на концерти и културни настани.

Постојниот објект е со површина од околу 4.000 квадратни метри, а со новиот се предвидува доградба на дополнителни 4.000 квадратни метри и паркинг на 2 нивоа со површина од околу 5.000 квадратни метри или за вкупно 106 паркинг места.

Овој објект е изграден во 1966 година.