Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од следната недела Словенија ќе го преземе претседавањето со Советот на Европската унија
СВЕТ

Од следната недела Словенија ќе го преземе претседавањето со Советот на Европската унија

јуни 28, 2021Updated:јуни 28, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Словенија ќе го преземе од Португалија ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија следната недела, по вторпат откако стана членка на Унијата.

Португалија го завршува своето претседателство на последниот ден од јуни, а Словенија ја презема палката на 1 јули, потсетува Хина. По тој повод, комесарите на Европската комисија, предводени од претседателката Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе пристигнат во Словенија. Вообичаена пракса е Комисијата да ја посети земјата што го има Претседателството на почетокот на секое претседателство. Тогаш, Комисијата на словенечката Влада ќе и врачи позитивна оценка на словенечкиот национален план за закрепнување и отпорност.

Ова е второ претседателство на Словенија, која стана членка на Унијата во 2004 година. Таа првпат претседаваше во првата половина на 2008 година, само три и пол години по пристапувањето во ЕУ и беше прва меѓу новите членки што го презеде претседателството. И тогаш и сега, Јанез Јанша е шеф на словенечката Влада. Првото словенечко претседателство беше во различни околности. Во тоа време, улогата на земјата претседавач беше повидлива и поважна отколку по влегувањето во сила на Лисабонскиот договор на 1 декември 2009 година, посочува Хина. Во тоа време, со самитите на Европската унија претседаваше и ги подготвуваше шефот на земјата-претседавач,а денес ова е во описот на работното место на претседателот на Европскиот совет. Истото важи и за Советот за општи работи, со кој претседава високиот претставник за надворешна политика и безбедност, а не министерот за надворешни работи на земјатапретседавач.

Словенија ќе претседава со Советот на Европската унија под слоганот „Заедно. Отпорна. Европа”. Со овој слоган, објаснуваат во словенечката влада, сакаат да испратат три одделни и суштински поврзани пораки дека клучот за зајакнување на отпорноста на Унијата, што ефикасно ќе се соочи со предизвиците, е меѓусебната поврзаност, соработка и солидарност.

Програмата за претседателствувањето на Словенија се заснова на четири приоритети – закрепнување и зајакнување на отпорноста на Европа, размислување за иднината на Европа, зајакнување на владеењето на правото и европските вредности и безбедноста и стабилноста во европското соседство.

Во октомври оваа година, Словенија ќе организира самит на лидерите на Европската унија и земјите од Западен Балкан. Поради пандемијата на коронавирус, последните две претседателства, германското и португалското, не организираа традиционална посета на група дописници од Брисел. Сега епидемиолошката состојба во Европа е многу поповолна и словенечката влада одлучи да ја организира таа посета во средината на следната недела.

актуелно ЕУ словенија Совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.