Од улица на социјалните мрежи: Дилерите на дрога преминаа на онлајн продажба

Како и супермаркетите, рестораните и доставувачите на леб, илегалната трговија со дрога стана дигитална за да може да ги задоволи потребите на своите клиенти во текот на заклучувањето и би можела да остане таква и кога ќе заврши пандемијата со Ковид-19, соопшти Европската агенција за наркотици.

Пандемијата ги турка криминалците кои се занимаваат со препродажба на дрога да делуваат онлајн, правејќи од тоа тренд“, изјави комесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон во текот на онлајн претставувањето на извештајот за наркотици за 2021 година која го состави агенцијата ЕМЦДДА со седиште во Лисабон, пренесе Ројтерс.

Дилерите на дрога преминуваат од улица на социјалните мрежи, ги примаат порачките по пат на шифрирани пораки и им испраќаат наркотици на купувачите преку службите за доставување, наведено е во извештајот.

Пандемијата изнуди промени на сите нивоа на трговијата со дрога, од трговијата на големо и криумчарите до уличните дилери.

Со затварањето на границите, криумчарите почнаа повеќе да се потпираат на бродските контејнери, а помалку на курури.

Податоците покажуваат дека не опаѓа количината на кокаин кој е на располагање, но е забележан пораст на бројот на луѓе кои дома одгледуваат канабис.