Од утре повисоки дневни температури, за викендот локално дожд

УХМР најавува дека следните денови времето ќе биде со повеќе сончеви периоди, а од утре се очекува дневните температури да бидат значително повисоки. За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја, а во недела и услови за ретки грмежи.

Утре минималната температура ќе биде седум, а максималната дневна 30 степени. Во сабота ќе биде до 31, додека во вторник и среда идната недела до 33 степени.