Од црна смрт до СИДА: Пандемиите што ја обликуваа човековата историја

LinkSense.mk

17 април 2020

Хина, Загреб

Хернан Кортес во 1520 година по жесток напад побегнал од престолнината на Ацтеките, Теночтитлан, и додека стигнал до брегот загубил голем број од своите војници.

Но, шпанскиот освојувач не знаел дека зад себе оставил многу подеструктивно оружје од пушки и мечови… ги оставил големите сипаници.

Кога се вратил повторно да се обиде да го освои градот, Теночтитлан се распаѓал во епидемија што го уништувала народот на Ацтеките, структурата на неговата власт и довела до брутален пораз на империјата на Ацтеките.

Тоа бил почетокот на вековното распаѓање на домородните општества, од Огнената Земја до Беринговиот Теснец.

Од болест до напредок

Од чумата на Јустинијан во шестиот век и црната смрт во 14 век до детската парализа и СИДА, пандемиите насилно ги менувале цивилизациите, откако луѓето почнале да живеат во градовите пред илјадници години.

Пандемиите зеле многу човечки животи и предизвикале големи промени во областа на медицина, технологија, власт, образование, религија, уметност, социјална хиерархија и санитарни услови.

Пред појавата на колерата, во 19 век, во градовите, на пример, се мешале отпадните и водите за пиење.

Никој не може да знае како пандемијата Ковид-19, респираторно заболување што го предизвикува новиот коронавирус, ќе го промени светот.

Нациите се затвораат.

Владетелите се стремат кон поголема авторитарна моќ.

Колапсот на американското раководство се забрзува.

Економијата очекува рецесија.

Луѓето живеат во страв и недоверба, многумина ги загубија своите работни места и можат да доживеат сиромаштија како никогаш досега.

Истовремено, научници и технократи и некои компании работат трескавично за да ја запрат оваа пандемија и подобро да нè подготват за новата што ќе дојде.

Нема сомениние дека од оваа епска криза ќе се појави нова технологија.

Една пандемија е една пандемија

Пандемиите се познати по тоа што предизвикуваат хаос, но и по
способноста на човекот да се приспособи на променетите околности.

Меѓу оние кои ја проучуваат пандемијата постои изрека: „Ако сте
виделе една пандемија, сте виделе една пандемија.“

Нема слични.

Пандемиите и епидемиите доведоа до голем наредок во јавното здравство, што им овозможи на градовите и цивилизациите да растат и напредуваат.

Ова се, на пример, теории дека некои болести се предизвикани од микроорганизми, потоа урбани канализации и системи за водоснабдување, вакцинирање, пеницилин, подобра хигиена, одделенија за изолација на заболените и научен метод што вовел рационалност во современата медицина.

Нациите и општествата растеа и паѓаа на брановите од пандемии.

Пандемијата на чума во 14 век, што чинела половина од тогашното население, нанела фатални удари врз феудалното движење.

Брановите од чума што следеле со векови ја разнишале вербата во
Римокатоличката црква и, како што сугерираат некои историчари, овозможиле ренесанса и реформа.

Но, и промените што ги предизвикаа помалите епидемии, дури и едвај запишаните во историјата, исто така, имале големи последици.

Жолтата треска на Американците им донесе половина држава

Сетете се само како САД стекнаа голем дел од територијата, што им овозможи ширење на запад кон Калифорнија и прераснување во најбогата земја во светот.

Во 1802 година Наполеон ја испратил најголемата светска војска на Карибите за да го задуши бунтот на робовите и да ја обнови француската колонија во најпрофитабилна француска колонија Санто Доминго.

Но, епидемијата на жолта треска усмртила речиси 50.000 војници и ја
присилила војската да се повлече.

Оставен без богата колонија за финансирање на своите големи планови на американскиот континент, Наполеон се фокусирал на Европа, да се соочи со Англија.

Санто Доминго подоцна стана Хаити, прва слободна црна република во светот, а претседателот Томас Џеферсон евтино купил голема француска територија што се протегала од Њу Орлеанс до Карпестите Планини и Канада.

Заборавена пандемија

Уште поголема биолошка катастрофа е пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година што зела околу 20 и 50 милиони човечки животи на крајот на Првата светска војна.

Тоа беше речиси незначително во однос на големите социјални промени.

Некои историчари ја нарекоа „заборавена пандемија“, па дури и големи
американски писатели кои живееле во тоа време, како што се Хемингвеј, Фокнер и Фицџералд или ја игнорираа или едвај ја споменуваа во своите дела.

„Ништо друго, никаква инфекција, војна или глад не убиле толку многу луѓе за толку кратко време. А, сепак, никогаш не предизвика стравопочит, ниту во 1918 година, ниту потоа“, истакна Крозби во книгата „Заборавена американска пандемија“.

Како овој нов вирус, САРС-Ков-2, ќе влијае на човечкото општество, не може да се знае.

Пандемијата е на почеток.

Но, благодарение на модерната медицина и сè што досега знаеме за вирусот, никој не очекува нов шпански грип или црна смрт.