Од 331 санкционирани возачи во Скопје, 93 се за пречекорена брзина

Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 331 санкција.

Како што денеска соопштија од МВР, 49 лица се санкционирани за возење без возачка дозвола,  за пречекорување на дозволената брзина на движење се 93 прекршоци, 42 се за технички неисправни и нерегистрирани возила и 31 санкциониран мотоциклист.

Изречени се и 36 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираате до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.