Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје

октомври 30, 2026

Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци

октомври 30, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Оживеа тајната за убиството на Кенеди
СВЕТ

Оживеа тајната за убиството на Кенеди

декември 19, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Доверливи документи кои ги објави администрацијата на Џозеф Бајден за атентатот на 35-от американски претседател Џон Кенеди во 1963 година, наместо клучни докази и нови факти за атентатот, понудија „материјал“ за сомнеж. Огромното мнозинство од скоро 1.500 документи кои Националниот архив на САД ги објави како нови, главно се само дупликати на претходно објавените. Бидејќи повеќе од 10.000 документи нема да бидат видени пред 15 декември 2022 година, согласно наредбата на Бајден, истражувачите за убиството на Кенеди велат дека секогаш важи слоганот „следниот пат“, бидејќи ЦИА, ФБИ и други агенции го попречуваат објавувањето на документите одобрени од Конгресот во 1992 година. Центарот за ефикасна влада тврди дека постојат повеќе од еден милион записи на ЦИА поврзани со убиството кои никогаш не биле објавени во јавноста.

Повеќе владини комисии, вклучително и таа на Ворен, која истражувала 10 месеци, заклучија дека Кенеди го убил Ли Харви Освалд, во петокот на 22 ноември 1963 година, во Далас, Тексас, во 12:30 часот по локално време, додека се возел со сопругата Жаклина во претседателската колона. Но, веќе од првото истражување на Галуп во 1966 година, стана јасно дека повеќето Американци не се согласуваат со овие наоди. Масло на огнот на сомневањата долева друга владина комисија која 14 години подоцна заклучи дека Кенеди бил цел на друг напаѓач. Дури и по 58 години, две третини од Американците веруваат дека убиството на Кенеди „било резултат на заговор, а не на еден напаѓач“.

Според една од овие теории, зад атентатот стои лидерот на тогашниот СССР, Никита Хрушчов, кој лут што морал да поднесе оставка по кубанската ракетна криза, ги ангажирал Харви Ли Освалд, школуван во СССР, и неговата сопруга Марина, Русинка, да го убијат Кенеди. Други веруваат дека мафијата, лута на Кенеди за лошото организирање на инвазијата во Заливот на свињите, и загрижена за враќањето на американскиот организиран криминал во Куба, го ликвидирала претседателот.

Една од теориите е и таа дека атентатот на Кенеди го нарачале Кубанците, противници на лидерот од Хавана, Фидел Кастро. Тие веруваат дека Џек Руби, сопственик на ноќен клуб во Далас, кој имал врски со толпата и го убил Освалд два дена по неговото апсење, всушност е виновникот за смртта на Кенеди.

Американскиот претседател Линдон Џонсон, кој го наследи Кенеди, беше најжестокиот застапник на теоријата дека мозокот на атентатот е кубанскиот лидер.

„Кенеди се обиде да го среди Кастро, но Кастро прво го среди него“, изјави Џонсон во 1968 година.

Кастро во 1977 година рече дека тоа е „целосна глупост“, па приказната се сврте против Џонсон, кој, наводно, правел заговор против Кенеди со помош на агенти на ЦИА и тајкуни кои мислеле дека ќе заработат многу повеќе ако тој дојде на власт. На Џонсон, наводно, му помогнал и идниот претседател, Џорџ Буш, кој „случајно“ се нашол во Далас на денот на атентатот.

Бидејќи во речиси сите теории се спомнува ЦИА, некои тврдат дека Освалд всушност бил нејзин оперативец, кого го претставиле како комунист.

Факт е, меѓутоа, дека и покрај информациите дека во Тексас му се заканува опасност, и од десничари и од прокубански активисти, Кенеди инсистирал да се спушти покривот на неговиот автомобил. Неколку децении после атентатот се споменуваше дека во околината на поворката на Кенеди имало неколку атентатори (се споменуваа дури шест), но сигурно е дека смртоносните куршуми дошле од еден правец – од кај складиштето.

Во официјалната верзија се наведува дека Освалд, кога почнал приемот на претседателот, го наполнил магазинот на пушката со три куршуми. Кога поворката поминала покрај складот, Освалд промашил и погодил во асфалтот, лево од автомобилот. Истрелот за момент предизвикал шок, а телевизиските камери кои пренесуваа се во живо почнале да бараат од каде доаѓа тој.

Меѓутоа, Освалд повторно испукал куршум кој го погодил Кенеди под задниот дел од главата, и излегол низ вратот, при што сериозно го повредил душникот.

Кенеди имал можност да преживее доколку се онесвестил нанапред, но поради проблем со ‘рбетот бил принуден да носи среден мидер кој му го оневозможувал тоа. Така Освалд го искористил и последниот куршум, кој го погодил претседателот во тилот, поминал низ продолжениот мозок и му разнел дел од черепот и големиот мозок. Кенеди починал на пат кон болница во Далас.

Додека светот беше во шок по снимката од кабриолетот во Далас, на која истрелите го згаснаа животот на американскиот претседател, весникот „Њујорк Тајмс“ напиша дека „Кенеди има големина на Томас Џеферсон, Абрахам Линколн и Френклин Рузвелт“.

Половина век подоцна, тогашните споредби се покажаа како далековидни. На крајот на првата деценија на 21 век, дури 85 отсто од неговите сограѓани му изразија поддршка, 11 отсто повеќе отколку на првиот следен најпопуларен претседател, Роналд Реган. На листата на најпопуларни на 20 век, ЏФК е веднаш зад Мартин Лутер Кинг и Мајка Тереза.

Само 15 години по Втората светска војна, влегувањето во Белата куќа на енергичниот, млад и шармантен претседател, чие мото беше „сè е можно“, брзо го најде својот пат до срцата на Американците. Претседателската заклетва на најмладиот американски лидер во 1961 година се совпадна со крајот на рецесијата и подемот на економијата.

Но, на најпрестижната вашингтонска адреса Кенеди успеа да помине едвај илјада денови, и на неговите заслуги се вбројуваат создавањето на мировни трупи, договорот за забрана на нуклеарни тестови, еднакви права за сите пред законот и развојот на вселенска програма. Тој е запаметен како првиот од шесте американски претседатели што служел во американската морнарица, а одликуван е откако бил ранет во Втората светска војна, но и по кубанската криза од 1962 година, кога светот за влакно избегна нуклеарна војна.

И покрај откривањето на дополнителни компромитирачки податоци од животот на Кенеди, за врските со организираниот криминал, раскошниот начин на живот како плејбој, скриените болести, нему му пошло од рака да го оживее она што го научил неговиот татко, Џо Кенеди – дека „не е важно тоа што си, туку тоа што луѓето мислат дека си“.

Џек и Џеки беа помлади од сите претходни претседатели и први дами, омилени во медиумите како ѕвезди од шоу-бизнисот, а не како политичари.

Зад гламурот, меѓутоа, американската „династија“ Кенеди, чијшто најистакнат претставник беше ЏФК, доживеа многу трагедии. По два спонтани абортуси на првата дама, неговиот син Патрик Кенеди почина кратко по неговото раѓање, во август 1963 година. Постариот брат на Џек, Џозеф Кенеди, почина во Втората светска војна на 29-годишна возраст, закопувајќи ги надежите на семејството дека тој, всушност, ќе биде претседател на САД.

Претседател стана Џон Кенеди, но и тој, како и неговиот брат, јавниот обвинител Роберт. или Боби, беше убиен во атентат. Сенаторот Тед Кенеди двапати избегна смрт во сообраќајни несреќи. Почина во 2009 година на 77-годишна возраст од малигнен тумор на мозокот.

Џон Кенеди, роден неколку дена откако неговиот татко беше избран за претседател, загина во авионска несреќа во 1999 година. Каролин Кенеди, родена во 1957 година, е единственото живо дете на семејството Кенеди. Таа најпрво стана амбасадорка на САД во Јапонија, а минатата недела беше именувана за дипломатски претставник на својата земја во Австралија.

 

Кој е Харви Освалд?

Искусниот снајперист Ли Харви Освалд бил поранешен американски маринец кој се образувал за време на неговиот престој во Советскиот Сојуз, додека истрагата го поврзувала и со кубанската тајна служба.

Една недела пред атентатот, тој се вработил со скратено работно време во магацинот за училишен инвентар во Далас, а тој ден бил единствениот што влегол таму. Два дена по атентатот, Освалд бил убиен од Џек Руби. Починал на 24 ноември 1963 година во болницата „Паркленд меморијал“, во која, два дена претходно, умре Кенеди.

Комисијата на Ворен во 1964 година утврди дека Освалд дејствувал сам, а во 1970-тите било утврдено дека, иако Освалд пукал, претседателот најверојатно бил убиен како резултат на заговор.

Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје

октомври 30, 2026

Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци

октомври 30, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.