Околината на Атина ја погоди нова катастрофа: После пожарот – поплава

LinkSense.mk

Поројниот дожд што денеска падна на север од Атина предизвика поплави на 20 илометри од приградската зона што ја зафати пожар на почетокот на оваа недела.

Пожарникарите добија десет повици од возачи заглавени во возила на патиштата кои се претворија во реки. Околу 160 жители се евакуирани од поплавените куќи.

После дождот сообраќајот постепено се нормализира, но неколку десетици возила се блокирани во главните улици во атинските квартови Маруси и Екали.

Меѓутоа, само неколку капки дожд паднаа на подрачјето на селото Мата кое во понеделникот до темел изгоре во пожар во кој загинаа повеќе од 80 луѓе, а за 200 се трага.

Грчкото министерство за одбрана издаде наредба со која ја упати војската во загрозените подрачја за да помогне во расчистување на теренот и да ископа ровови за спречување од евентуални поплави.