Вкупно околу 26.000 луѓе беа принудени да избегаат од пожарот на шпанскиот остров Тенерифе, соопштија спасувачките служби.
„Привремените проценки сугерираат дека евакуираните денeска се над 26.000“, се вели во пораката на социјални мрежи, објавена од службите за итни случаи.
Вчера беа евакуирани 4.500.
Пожарот уште повеќе се прошири завчера вечерта поради особено тешките временски услови.
Фото ЕПА







