Околу четири илјади граѓани заклучно со 11 март направиле увид во избирачкиот список за претстојните избори. Шест од нив, како што објави Државната изборна комисија, барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а петмина побарале податоците да им бидат избришани.
Увид во Избирачкиот список, кој ќе биде можен до 18 март, може да се направи преку веб-страницата на ДИК, а по електронски пат граѓаните може да поднесат и барање за измени во списокот. Заклучно со 11 март, 21 лице поднеле барање за промена на податоците по електронски пат, од кои тројца барале бришење на податоците, а седуммина запишување во Избирачкиот список.