„Омикронот“ остава тешки последици врз германската економија

LinkSense.mk

Заострувањето на епидемиолошките мерки насочени кон сузбивање на ширењето на омикрон варијантата на корона вирусот, ќе остави тешки последици за економијата, пред се за угостителството и за трговијата.

Институтот за германска економија (IW) проценува дека мерките ќе ја „чинат“ таканаречената стационарна трговија околу шест милијарди евра месечно загубен обрт. Имено, најголем дел од граѓаните ќе преминат на онлајн купување. И во угостителството се очекуваат големи загуби.

Ако гастрономијата биде погодена како на почетокот на оваа година, загубата на прометот може да изнесува повеќе од 10 милијарди евра, во споредба со „нормалната година“ – предупредуваат од Институтот.

(Фото: Тањуг/АП)