Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Онлајн купувањата со раст од 14 проценти
Економија

Онлајн купувањата со раст од 14 проценти

декември 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Купувањето онлајн во државава и понатаму расте со забрзано темпо.

„Спроведената анкета во првиот квартал на 2019 година во државава во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст од 14 проценти, односно онлајн купувале 35,9 проценти од интернет-корисниците, наспроти 31,6 процент во истиот период минатата година“, информира Асоцијацијата за е-трговија.

Интернет-пенетрацијата во првото тримесечје од 2019 година е зголемена на 81,8 процент опфат на домаќинствата, наспроти 79,3 проценти во истиот период минатата година.

Според резултатите, има подобрување и во начинот на пристап (фиксно широко појасно и мобилно) потребен за вршење на е-трговија.

Осумдесет и еден процент од Македонците на возраст 15-74 години употребиле интернет во последните три месеци наспроти 79,2 проценти во истиот период лани.

Притоа 72,9 проценти користеле интернет секој ден, наспроти 68,7 проценти лани, при што мажите користеле интернет повеќе (74,9 проценти) од жените (70,8 проценти).

Анализата на Асоцијацијата вo која се користени податоци на Државниот завод за статистика покажува дека Македонците интернетот најмногу го користеле на социјалните мрежи.

Конкретно, 70,4 проценти за лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени, потоа 70,1 процент за инстантпораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Скајп, Месинџер, ВатсАп, Вибер и 68,4 проценти за учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, Твитер итн.).

И понатаму мажите се убедливо повеќе на социјалните мрежи, па така за ставката „ставање лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени” учествувале со 73 проценти, наспроти 67,8 проценти од жените.

Како и во минатата година, така и годинава Македонците најмногу купувале облека и спортска опрема или 35,8 проценти, по што со 10,5
проценти следат производи за домаќинство и 10,4 проценти електронска опрема.

Најголемиот дел од он лајн купувањата 38,8 проценти се од продавачи од нашата земја.

Ако во минатото доминантна онлајн трговија била од продавачите од другиот дел на светот, годинава тоа е намалено на 20 проценти, со 11 проценти учество на продавачите од Европска Унија.

Онлајн купувања раст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.