Европската мрежа на тимови за активна потрага по бегалци (ЕНФАСТ) покрена кампања за најбараните бегалци во Европската унија во 2023 година.
Целта на овогодинешната кампања, поддржана од Европол, е да се зголеми свеста на јавноста за бегалците кои се бараат заради сторени тешки кривични дела.
На новата листа на барани криминалци има повеќе од педесет бегалци поврзани со убиства, трговија со луѓе, вооружени грабежи и компјутерски криминал, за злосторничко здружување и за тргување со дрога.
ЕНФАСТ и Европол ги повикаа граѓаните на ЕУ во рамки на овогодинешната акција да ја посетат веб-страницата за најбараните бегалци на Европол и да погледнат слики од бегалците, за да видат дали препознаваат некој од нив.
Темата на овогодинешната кампања е да им се овозможи на граѓаните да се вклучат во приказната преку анонимна дојава и самите да станат суперхерои.
Анонимна дојава ја добива ЕНФАСТ, европска мрежа на полицајци од националните тимови за барање бегалци која можат веднаш да дејствува за да се лоцираат и уапсат бараните криминалци.
Објавувањето на листата на ЕНФАСТ на најбараните бегалци во ЕУ почна во 2016 година. Од тогаш се објавени 408 профили на лица-бегалци, од кои 146 се уапсени. Педесет апсења се директен резултат на објавувањето на бегалците на веб-страницата.
Од почетокот на кампањата минатата година успешно се разрешени 21 случај.
(Фото: ЕВРОПОЛ)