Општина Аеродром: Граѓаните да ги отстранат хаварисаните возила од јавните површини

– Општина Аеродром апелира до сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.

Во спротивно, како што информираа од општината, сите овие возила кои се паркирани на плочници и тревници ќе бидат отстранети од надлежните служби.

– Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина, велат од Општина Аеродром.