Општина Кавадарци: Преземени се сите законски дејства околу физичкото насилство од еден вработен врз друг во училиште

LinkSense.mk

Локалната самоуправа во Кавадарци претставувана од гадоначалникот Митко Јанчев денеска информираше дека по направените согледувања и факти за настанат инцидент (физичко насилство) во основно училиште, преземени се сите законски дејства во врска со физичко насилство од страна на еден вработен врз друг.

– Доставено е укажување за постапување од градоначалникот до директорот и направени се постапки од страна на овластената просветна инспекторка, согласно нејзините законски овластувања, стои во известувањето од Општината.

Оттаму се нагласува дека за понатамошните постапки од страна на училиштето и општината, јавноста ќе биде благовремено известена.

Полицијата вчера информираше дека претходниот ден, 54-годишна вработена во училиште, пријавила дека во нејзината канцеларија била физички нападната од 53-годишничка, исто така вработена во училиштето. Од полицијата посочија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.