Општина Кичево ги крпи дупките на улиците во градот

Гадоначалникот Фатмир Дехари денеска заедно со испекциските служби, беше на увид во работите што ги извршуваат екипите на фирмата „Eуроинвест” за крпење и уредување на улиците во општина Кичево.

Тие засилено работат, а кцијата почна со пополнување на дупките на главните улици каде се санираа сите прокопи и други пукнатини на асфалтот.

Како што рече Дехари, пополнети се дупките со асфалт на улиците претежно во јужниот дел на градот.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови кога со асфалт ќе се пополнат и дупките на останатите улици во градот, а ќе се интервенира и во неколку населени места во рурални средини на нашата општина Кичево.