Општина Центар продолжува со проектот „Нула глад“, донирана храна на 150 семејства

Редовните месечни активности од проектот „Нула глад во Општина Центар“, во соработка со Банка за храна Македонија продолжуваат и во новата година.

 

И овој месец 150 семејства со висок социјален ризик добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, за подобар почеток на годината и полесно да можат да го поминат месецот.

Оваа активност општината ја реализира еднаш месечно, по претходно утврден список на 150 семејства добиен од Министерството за труд и социјална политика.

Во соработка со Банка за храна и здружението Хуманост, во тек е и акцијата за помош и поддршка на пензионери со ниски примања.

На повозрасните граѓани овој период им се доставуваат пакети со прехранбени и хигиенски производи, а главната цел на акцијата е да се обезбедат пакети за сите пензионери со ниски примања кои живеат на територија на општината.