Општонароден собир „Ден на крстот“ во Кучково

Голем  општонароден собир „ Ден на крстот“ ќе се одржи денеска во  скопското село Кучково.

Манифестацијата ке започне со литургија на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Од општина Ѓорче  Петов велат дека ќе се одржи богата спортска и културна програма.

Ќе настапат Влатко Лозановски, Магдалена Цветковска- Ена и групата Академци.

За посетителите општината обезбедила и бесплатен оброк – војничко гравче