Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Оваа година почнуваме преговори за влез во ЕУ
Политика

Османи: Оваа година почнуваме преговори за влез во ЕУ

јуни 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од паркингот на Скопско Кале на симболичен начин – поаѓајќи со автобус го означи почетокот на новото поглавје на европските интеграции на Република Северна Македонија.

Османи е дециден дека оваа година почнува преговори иако не се знае дали тоа ќе биде на јунско-јулските самити или потоа и ги повика граѓаните да бидат оптимисти и горди на тоа што сме го постигнале а што е нотирано во Извештајот на Европската комисија.

„Имаме право да бидеме горди затоа што ги отстранивме сите пречки, ги создадовме сите услови, и како што е прецизно наведено во Извештајот на Европската комисија, создадовме држава подготвена за старт на преговорите“, истакна Османи.

Вицепремиерот потенцира дека тргнавме во втората фаза и од тоа нема веќе назад.

Процесот, според него, ќе има угорнини и надолнини, но ќе значи и трансформација на општеството.

Позицијата на Северна Македонија е датумот за почеток на преговорите да го добиеме на јунско-јулските самити.

„Битно е дека оваа година почнуваме преговори, тоа е константа. Сега моментот на донесување на одлуката за првиот состанок дали ќе биде на јунско – јулските самити или веднаш по летото. Ние инсистираме на јунско-јулските самити не прецизирајќи јуни или јули бидејќи после летото постојат многу непредвидливи моменти. Брегзит е закажан за октомври, изборите во Грција, нова Европска комисија ја превзема функцијата на 1 ноември… Нашето инсистирање е да го гарантираме во јунско-јулските самити“, рече Османи.

Во последниот период има интензивирање на дипломатските активности за Република Северна Македонија да добие почеток на преговорите, за што вицепремиерот вели дека се прават серија напори кои сега се поткрепени со новиот Извештај на Европската комисија оценувајќи го како објективен и прецизен.

Османи и Димитров синоќа се вратија од Брисел, а претходно тој беше на разговори во неколку европски престолнини.

„Правиме серија напори сега веќе вооружени со новиот извештај на Европската комисија, кој е микроскопски и милиметарски прецизен и објективен и тоа што го кажува е дека сме светол пример кој заслужува започнување на преговори веднаш. Од сите тие посети консензуален е ставот на сите земји членки, дури и на најголемите скептици дека Република Северна Македонија се издвојува од регионот. Гледајте ги
оценки за секој од параметрите, ние сме пред дури и од земјите кои веќе преговараат“, рече Османи.

Од тоа што го слушаме и знаеме, повтори тој, фиксен е ставот дека оваа година почнуваме преговори.

Сепак, дилемата е кога ќе се донесе одлуката за започнување на преговори во јуни или во јули.

„Има технички проблеми во смисла на тоа дека Бундестагот има само еден ден за разгледување на Извештајот и донесување на одлука до суштински дали ќе се разгледуваме во пакет или поединечно со други земји во регионот“, појасни вицепремиерот.

Повикувајќи се на принципот „регата“ на поединечно проценување на успесите на секоја од земјите, воспоставен уште во 2003 година на солунскиот самит, смета дека случајот со Република Северна Македонија не може да остави никого индиферентен.

„Принципот регата значи дека секоја земја се придвижува со брзината којашто самата ќе си ја наметне. Секоја земја си има свое портфолио, ние би биле најсреќни кога и двете земји би добиле датум за преговори, но апсолутно сметам дека нашата приказна, нашите успеси, нашите параметри се толку силни и моќни што не можат да ги остават индиферентни ниту најголемите скептици“, истакна Османи.

Во брендираниот автобус заедно со Османи беа и повеќе студенти од државни универзитети кои идната недела ќе престојуваат во студентска посета на Брисел и притоа ќе ги посетат европските институции и одблиску ќе се запознаат со нивната работа.

актуелно Бујар Османи ЕУ преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.