Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Сите забелешки на Венецијанската комисија да ги имплементираме во акциските планови
Политика

Османи: Сите забелешки на Венецијанската комисија да ги имплементираме во акциските планови

декември 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од двете страни за денес да зборуваме за функционална мултиетничка демократска држава ќе отвори магичен круг
и спирала која комплетно ќе не помести од патот на кој сме тргнале“.

Ова денеска го порача вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Објаснувајќи што значи еднонасочно поместување, рече дека кој било обид, на пример дали македонските уставни судии да ги надгласуваат албанските уставни судии, дали Министерството за правда без согласност од целата Влада, дали Собранието без согласност и на претставниците на етничките заедници, дали кој било друг во државата ако се обиде на најсензитивното прашање да пристапи еднонасочно, буквално, како што рече, ја урива оската на која се држи балансот на македонско-албанските односи во државата.

„Секој пристап треба да биде инклузивен и тоа го констатира Венецијанската комисија дека не смее да има никаков обид за поместување на тој баланс, еднострано, односно без согласност на сите етнички заедници, пред се на двете етнички заедници, затоа што тоа е основа на Охридскиот рамковен договор преку двојното мнозинство, односно преку Бадентер“, рече Османи на денешната прес-конференција.

Коментирајќи ги одлуките на Венецијанската комисија, Османи посочи колку што ни е важен јазикот, толку ни е важна и правната држава“.

„Го споделуваме ставот дека не смее ниту еден предмет да биде жртва на неизградени капацитети. Фокусот треба да ни биде во забрзана изградба на капацитети и во судството, и во администарцијата, притоа да најдеме начин како ниту еден предмет, од кој и да е тип, да не биде жртва на неизградени капацитети во судство. По однос на банкнотите ќе треба повторно да седнеме инклузивно и да видиме како да се спроведе овој заклучок на Венецијанската комисија“, рече Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Османи рече дека Венецијанската комисија не е супермаркет во кој вие можете да купите еден продукт, а другиот да не го купите.

„Венецијанската комисија вели – да, има потешкотии во судството поради немање капацитети, но вели – да, можете да употребите двојазичност во банкнотите. И не можете Вие да отворите дебата за судството, а да не отворите дебата за банкнотите. Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството. Вели можеби во моментов нема капацитети, па Владата, односно државата да размисли дали можеби привремено да го одложи имплементирањето додека не се создадат капацитети или да создаде капацитети“, рече Османи.

Прашан дали се заканува и како од позиција на вицепремиер кажува каква одлука треба да донесе Уставен суд, Османи се повика на едно интервју на претседателот Стево Пендаровски и парафразира дека нема ниту еден закон, домашен или меѓународен, кој ми забранува да коментирам одлука на суд.

„И јас ќе се повикам на неговиот став дека нема ниту еден закон кој може да ми забрани да коментирам одлука на суд, особено ако таа одлука може да го помести балансот на односите меѓу двете најголеми заедници на кои почива стабилноста и просперитетот на оваа држава. Тоа е приоритет број еден во оваа држава и апсолутно сум повикан во име на иднината на оваа држава да повикам на внимателност“, рече Османи.

Додаде дека ако има еднострано поместување на тој баланс значи дека нема на што да се одржуваат тие односи, значи враќање назад пред донесувањето на Охридскиот рамковен договор и отворање дебата за него.

Одговарајќи на новинарско прашање Османи истакна дека законот е компромисното решение што е постигнато, балансот постигнат во односите и треба како Влада и држава да направиме акциски планови со цел да ја олесниме имплементацијата.

„Сите забелешки на Венецијанската комисија да ги имплементираме во акциските планови и во создавањето капацитети. Тоа е ставот кој денеска го споделувам и сметам дека тоа е најдоброто решение“, рече Османи.

актуелно венецијанска комисија Османи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.