Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Основачот на фестивалот „Џифони експериенс“, Клаудио Губитози, ќе ја раскаже својата приказна – како се роди најголемиот филмски фестивал за деца и млади
Култура

Основачот на фестивалот „Џифони експериенс“, Клаудио Губитози, ќе ја раскаже својата приказна – како се роди најголемиот филмски фестивал за деца и млади

септември 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На програмата на 8. издание на Џифони Македонија меѓународен филмски фестивал денеска ќе се одржи мастер-клас на Клаудио Губитози, основач на „Џифони Експиренс“, кој ќе одржи говори на тема „50 години Џифони: приказна за успехот“.

Тој ќе зборува за тоа како настанала идејата во мало гратче во јужна Италија да се роди најголемиот фестивал за деца и млади во светот.

Во 18 часот ќе се одржи мастер-клас на тема женски права. За сите мастер-класови е обезбеден пренос во живо на фејсбук-профилот на „Џифони Македонија“ и на дигиталната платформа youth.mk.

Во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, вечер во 19 часот ќе биде прикажан францускиот документарен филм „Адолесценти“.

На третиот фестивалски ден, младите вљубеници во филмот имаа можност да сведочат на искуството на Сергеј Сарчевски, студент во трета година на Факултетот за филм во Вестминстер, Лондон. Тој им сподели како го одбрал патот на филмската уметност, посочувајќи им на младите дека е важно да се осмелуваат.

-Почнав да снимам кратки смешни видеа на „Фејсбук“ и така ја открив љубовта кон филмот. Мојот прв филм го снимив со мобилен телефон и го пратив на фестивалот „Мобил фестивал“ во Скопје. Кога го видов мојот филм на проекција во кино, ми се случи таква возбуда и како да сфатив дека тоа е тоа што сакам да го работам. Потоа, почнав да снимам повеќе кратки филмови. Снимав по еден до два филма годишно. Сега кога ги гледам, воопшто не се добри, ама сметам дека тоа е патот што треба да се оди, за да стекнете искуство. Првите филмови скоро никогаш не се добри, рече Сарчевски.

Џифонци го проследија неговиот краток филм „Што крие дождот“, во кој тој користи автобиографски моменти, односно пренесува како се чувствува еден млад човек кога заминува од дома во странство. Филмот го снимил со буџет од 100 евра, колку што требало за да изнајми камера за два дена.

-Филмот зборува за моите први денови во Лондон, кога уште не познавав никого. На почетокот е тешко, ама човек брзо се навикнува. Бидете љубопитни, пробувајте работи и пред да студирате. Бидете активни, правете кратки приказни, колку повеќе се трудите, ќе бидете подобри секој нареден пат. Од мал сакав да го правам ова, снимав кратки видеа. И некако бев решен. Не можев да помислам што би правел друго. Јас сум веројатно многу среќен што рано осознав што сакам да бидам. Јас имам пријатели на факултетот кои, иако се веќе на академија, не сакаат да работат во областа на филмот, вели Сарчевски.

Мастер-клас одржа и Розе Симоновска, која како дел од програмата „Докуникулци“ на Фестивалот на креативни документарци „Македокс“. Симоновска зборуваше за својот филм „Низ објективот на копнежот“ посветен на актерството, на потрагата по себе и љубовта кон глумата. Таа студира режија.

-Ме интересира документаристиката во моментов повеќе, но сакам да учам, да истражувам. Одев во драмско студио, па дојде „Докуникулци“ и таа бура од настани почна да ме формира како личност. Секој што ќе излезе на сцена треба да се цени и почитува и не е важно дали е независен или државен театар, вели Симоновска.

Осмото издание на Џифони Македонија меѓународен филмски фестивал се одржува од 25 до 30 септември.

експериенс основал Фестивал Џифони
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.