Оставката на министерот Милевски доставена до Собранието

LinkSense.mk

Владата денеска ја испрати до Собранието оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски и таа е веќе доставена до пратениците.

Од Собранието информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.

Досега во Собранието не е пристигнат предлог за избор на нов Министер за локална самоуправа. Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов.

Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини.

Во Собранието, нова седница има закажано за 17-ти октомври.